Monday, May 10, 2010

Првиот персонален компјутер (PC)


За прв персонален компјутер се смета копјутерот на IBM произведен на 12 Август 1981 год. Тоа бил проект на група инжињери и дизајнери под раководство на Don Estridge.Но сепак не е разјаснете прасанјето "Кој го направил првиот персонален компјутер" бидејки APPLE велат дека тиа го направиле првиот персонален компјутер во 1976 година.

Четврта генерација на компјутери


Во седумдесетите години се јавува мал тенок слој силициум т.н. чип, на кој може да се “отпечати“ комплетно интегрално коло. Појавата на чипот ќе доведе до Четвртата генерација компјутери, која започнува во 1970 година. Во 1975 година е направен првиот персонален компјутер. Затоа оваа генерација е наречена и генерација на персонални компјутери (од англ. Personal Computer - PC). Ова име го добиле бидејќи се наменети за работа на едно лице.Поради малите димензии, големите можности, масовното производство и ниските цени, употребата на персоналните компјутери доживува непредвидиво зголемување. Со нив може да се комуницира со кој било компјутер во светот, преку посебни компјутерски мрежи.

Трета генерација на компјутери


Пронајдокот на интегралните кола довел до појава на Третата генерација компјутери, која траела од 1964 до 1969 година. Интегралното коло содржи еквивалент од неколку стотини транзистори на минијатурно парче материјал. Тоа придонело димензиите на овие компјутери многу да се намалат и затоа ги нарекле мини компјутери. Нивната брзина се зголемила, цената им опаднала и затоа нивната примена се проширила во многу области на човековата дејност. Со целокупната работа на компјутерите од оваа генерација управувала специјално напишана програма наречена оперативен систем.

Втора генерација на компјутери


Периодот од 1959 до 1964 година е познат како Втора генерација компјутери. Компјутерите од оваа генерација се изградени врз база на транзистор. Тоа е електронски елемент што може да ја извршува истата работа како електронската ламба, само што е многу помал, троши малку енергија и не се загрева, а е многу побрз од неа. Оттаму и произлегуваат карактеристиките на компјутерите од оваа генерација: имале мали димензии, брзината на пресметување изнесувала 100 000 операции во секунда, а за паметење на податоците се користела магнетна лента.

Првиот електронски компјутер ENIAC - Прва генерација на компјутери

Прв електронски компјутер е компјутерот ENIAC (Electronic numerical integrator and calculator - електронски нумерички интегратор и калкулатор). Конструиран е во 1946 година на универзитетот во Пенсилванија, дело на конструкторите Џон Мокли и Преспер Екерт. Во него биле вградени 18000 електронски ламби. Овој компјутер претставувал огрмона машина која зафаќала околу 150 квадратни метри површина и тежел околу 30 тони.